НЕПОТРЕБНИ ОПЕРАЦИИ НА СРЦЕ – Обвинителството чека докази од Комисијата
Случајот со непотребни операции на срце е во фаза на проверка и подготовка на документи за натамошни дејствија.

Во врска со наводите за извршени непотребни операции на срце кај пациенти, обвинителот Коцевски вечерва на телевизиско гостување изјави дека засега нема дополнителни информации освен оние што ги објавуваат медиумите.
Тој посочи дека чекаат одлука од Комисијата за случајот, која треба да им достави документација за „евентуално постапување и давање упатства за преземање дејствија“.
Обвинителот исто така нагласи дека сè уште не е јасно дали ќе се прошири кругот на осомничени за злоупотреби во Платежната агенција за земјоделство. Во моментов се истражуваат телефони, а неколку лица се во притвор, додека едно лице е во домашен притвор.
„Постапката мора да биде брза, имајќи предвид дека се работи за притворен предмет. Сепак, сè зависи од обезбедувањето цврсти и сигурни докази“, додаде Коцевски.

