ИЗРАЕЛ ГИ ЗАСИЛИ ВОЗДУШНИТЕ НАПАДИ ВРЗ ЈУЖЕН ЛИБАН, Целта била да се спречи вооружување на Хезболах
Хезболах возвраќа дека ги исполнува обврските од договорот за прекин на огнот и дека ги повлекол силите северно од реката Литани, но спроведувањето е отежнато поради израелските операции и политичките прилики во Либан.

Израел ги засили воздушните напади врз јужен Либан, при што загина најмалку една личност. Армјата тврди дека целта е да се спречи Хезболах повторно да се вооружи по минатогодишната војна. Хезболах возвраќа дека ги исполнува обврските од договорот за прекин на огнот и дека ги повлекол силите северно од реката Литани, но спроведувањето е отежнато поради израелските операции и политичките прилики во Либан.
Израел денес предупреди четири јужни села и соопшти дека напаѓа инфраструктура на Хезболах. Во претходен напад врз Ал-Тири загина една личност. Израелската војска исто така соопшти дека убила член на Хезболах задолжен за обновување на нивната воена подготвеност. Во вторникот Израел изведе еден од најсмртоносните напади од конфликтот, убивајќи 13 лица во палестински бегалски камп кај Сидон. Израел тврди дека таргетирал објект на Хамас, додека Хамас негира присуство на воени структури во кампот.


