ДЕЛОВИ ОД КАРПОШ И САРАЈ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Прекините ќе траат и до 14 часот

Корисниците на улицата „Струшка“ во општина Карпош денеска ќе останат без електрична енергија во периодот од 9 до 12 часот, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Од таму додаваат дека, согласно известувањето од ЕВН Македонија АД, прекин на струја ќе има и во горниот дел од селото Буковиќ во општина Сарај, каде снабдувањето ќе биде во прекин од 9 до 14 часот.
ЕВН ќе изведува технички зафати на мрежата, а редовното снабдување ќе се воспостави по завршување на работите.
CATEGORIES Македонија


