УТРИНСКИ ПОРОЕН ДОЖД ВО СКОПЈЕ Врнежите ќе продолжат низ земјата

Утринава поројни дождови зафатија делови од Скопје, најавувајќи го продолжувањето на периодот на нестабилно и влажно време што ќе ја погоди целата земја во текот на денот и ноќта. Во скопскиот регион се очекува претежно облачно време со повремени и поинтензивни врнежи, придружени со умерен, а повремено и засилен јужен ветер кој ќе дува низ котлината.
Според прогнозите, во повеќе делови од државата врнежите ќе бидат пообилни и во едно деноноќие може да надминат 30 литри на квадратен метар. Можно е појава на краткотрајно невреме со силен јужен ветер кој локално може да достигне и над 60 km/h, како и изолирани грмежи.
Температурите ќе варираат во широк интервал – утринските ќе се спуштат до околу 6 степени, додека дневните, особено во јужните и пониските предели, ќе се искачат до 18 степени Целзиусови.
Метеоролозите апелираат на зголемена внимателност во сообраќајот, поради можни локални поројни врнежи, засилен ветер и привремено отежнати услови на патиштата.


