ЧЕТИРИ ОПШТИНИ ПОВТОРНО НА ГЛАСАЊЕ – Изборите на 11 јануари

Повторените избори ќе се одржат без повторно условување со цензус.

ЧЕТИРИ ОПШТИНИ ПОВТОРНО НА ГЛАСАЊЕ – Изборите на 11 јануари
Фото: Национал

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори за 11 јануари во четирите општини – Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде што на 19 октомври, во првиот круг од локалните избори, не гласаше доволен број граѓани.

Државната изборна комисија за 13 часот закажа седница на која треба да ги почне подготовките за повторното гласање.

Во овие општини не се одржа втор круг од изборите поради тоа што во првиот круг не беше исполнета законската излезност од најмалку една третина (33,33%) од запишаните гласачи. Според податоците на ДИК, одзивот изнесувал: Гостивар – 33,31%, Врапчиште – 25,18%, Маврово и Ростуше – 30,31% и Центар Жупа – 21,49%

Поради ова, согласно член 132 став (2) од Изборниот законик, се повторува целата изборна постапка. Повторените избори треба да се одржат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025. Притоа, согласно член 132-а, повторните избори нема повторно да бидат условени со цензус од една третина излезност.

CATEGORIES
TAGS
Share This