ПАПАТА ЛЕО И ХОЛИВУД Дијалог меѓу верата и киното
Папата Лео ќе се сретне со светски познати актери и режисери за да промовира човечки вредности преку уметноста.

Фото: Принтскрин
Папата Лео, првиот американски папа во историјата на католичката црква, оваа сабота ќе се сретне со холивудски актери и режисери во Апостолската палата. Меѓу присутните се Кејт Бланшет, Моника Белучи, Крис Пајн, Адам Скот, како и режисерите Спајк Ли, Џорџ Милер и Гас Ван Сант.
Според Ватикан, целта е продлабочување на дијалогот меѓу црквата и светот на киното, како и истражување на можностите што уметничката креативност ги нуди за промоција на човечките вредности.
Папата, кој е на функцијата нешто повеќе од шест месеци, веќе се сретнал со Ал Пачино, италијанската пејачка Лаура Паузини и италијанскиот тенисер Јаник Синер, а неговиот тим активно работи на градење позитивен имиџ за него и црквата во светските медиуми.
CATEGORIES Култура
TAGS Топ вест

