КАЗАХСТАН РЕМИЗИРАШЕ СО БЕЛГИЈА Македонија останува во игра за директен пласман на СП

Дастан Сатпаев отвори резултат во 9. минута, а Белгија изедначи со Ванекен во 48. минута

КАЗАХСТАН РЕМИЗИРАШЕ СО БЕЛГИЈА Македонија останува во игра за директен пласман на СП
Фото: Принтскрин

Казахстан одигра 1:1 против Белгија на домашен терен во квалификациите за Светското првенство 2026.

Дастан Сатпаев донесе предност за домаќините во 9. минута, а Белгија изедначи преку Ханс Ванекен во 48. минута.

Во последните десетина минути, Казахстан играше со еден фудбалер помалку по исклучувањето на Ислам Чесноков во 79. минута.

Со овој резултат, Казахстан има 8 бода од 8 натпревари и е четврти во Групата Ј, додека Белгија, со 15 бода од 7 натпревари, води на табелата. Македонската репрезентација е на второто место со 13 бода и сè уште има теоретски шанси за директен пласман на Светското првенство следната година.

CATEGORIES
Share This