ТРАМП ЈА НАРЕЧЕ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МАСАКР – Еве колку загинале на двете страни само во октомври
„Американскиот претседател ја опиша војната како масакр и шокираше со бројките на загинати.“

Фото: Принтскрин
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја нарече војната во Украина „крвав масакр“ и шокираше со бројките: само во октомври животот го загубиле околу 25.000 војници од двете страни, речиси подеднакво.
Во интервју за GB News, Трамп призна дека се надевал на побрзо завршување на конфликтот и дека континуираните борби го иритираат. „Мислев дека имам многу добар однос со Путин и дека ќе биде лесно“, рече тој, но додаде дека е уверен дека борбите наскоро ќе завршат.
Трамп истакна дека САД вршат притисок врз земји како Индија да ги намалат купувањата на руска нафта. На почетокот на ноември, тој не ја исклучи можноста конфликтот да се реши во неколку месеци.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест

