КАФЕТО ПОСКАПУВА Цените скокнаа за 28% од почетокот на 2025 година

КАФЕТО ПОСКАПУВА Цените скокнаа за 28% од почетокот на 2025 година

Цената на кафето, особено арабиката, доживеа значителен пораст од 28% од почетокот на оваа година. Во средината на ноември, цената достигна 419 центи за фунта, што е дополнителни три проценти повеќе во однос на почетокот на месецот. Оваа ситуација е резултат на намалени глобални залихи и потешкотии во снабдувањето, известува SEEbiz.

Според податоците на Меѓународната организација за кафе (ICO), глобалниот извоз за тековната година бележи пад од 0,3% и изнесува 138,6 милиони вреќи. Неповолните временски услови во Бразил доведоа до намалување на приносите и квалитетот на зрната, додека ураганот во Централна Америка уништи значителен дел од залихите. Поради недостаток на контејнери, доцнењето во испораките дополнително ја ограничува понудата.

Покрај тоа, зајакнувањето на бразилскиот реал ја зголемува цената на кафето, бидејќи намалува профитабилноста на извозот за производителите. Според прогнозите, до крајот на годината, цената на арабиката би можела да се стабилизира во опсег од 400 до 430 центи за фунта.

CATEGORIES
Share This