ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ Без вода делови од Чаир

ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ Без вода делови од Чаир

Поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Дижонска“ бр. 17, денеска без вода ќе останат корисниците на улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“, како и објектот на гинекологија Чаир на територија на општина Чаир.

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 09:00 часот и ќе трае сè до целосно отстранување на дефектот.

Екипите на „Водовод и канализација“ се на терен и работат на санација.

CATEGORIES
Share This