ОБВИНИТЕЛСТВОТО И СУДСКИОТ СОВЕТ ВО ЕДЕН ГЛАС – Давајте пари и ќе бидеме ефикасни или нема правда

Без зголемување на буџетот, реформите и борбата против криминалот се невозможни, алармираат врвните правосудни органи.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО И СУДСКИОТ СОВЕТ ВО ЕДЕН ГЛАС – Давајте пари и ќе бидеме ефикасни или нема правда
Фото: Принтскрин

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, нагласи дека за излез од големата криза во која се наоѓа правосудството, потребен е независен буџет и зголемени финансиски средства.

„Во однос на тоа како се трошат парите, досега бевме контролирани“ – истакна Камбовски.

Тој додаде дека за најавените „робусни акции и мерки“ надлежни се полицијата и обвинителството, а не премиерот.

Исто така и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побара повеќе средства за Јавното обвинителство во Буџетот за 2026 година.

„Нашите барања се повторуваат секоја година, а Европската комисија во последниот извештај посочува дека за ефикасна борба против криминалот и корупцијата се неопходни ресурси и финансиска независност на судството и обвинителството“ – рече Коцевски.

Тој предупреди дека реформската агенда за Јавното обвинителство, која вклучува јакнење на капацитетите, опрема, финансиски истраги и конфискација, нема да може да се реализира без доволни средства и без одобренија за нови вработувања.

CATEGORIES
TAGS
Share This