АЗОВ ПОВТОРНО ВО ФОКУС Зеленски додели државни одликувања за контроверзната единица
Москва од почетокот на војната во Украина често тврди дека украинската армија содржи неонацистички елементи, аргумент што украинските власти постојано го отфрлаат како дел од руската пропагандна реторика.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изврши посета на неколку украински воени единици кои се борат на источниот фронт, во близина на линијата на судир во Донбас, каде што им додели државни одликувања на војниците.
Посетата, според украинските медиуми, се одвивала на неколку неименувани локации во близина на фронтот, во услови на засилени борби во областа југозападно од Донецк.
Меѓу единиците што ги посети претседателот беше и формацијата „Азов“, која сега делува како дел од Националната гарда на Украина. Единицата беше позната по своето учество во битките за Мариупол во 2022 година, по што нејзиниот дел се повлече или беше заробен од руските сили.
Во видеоматеријалите објавени на социјалните мрежи се гледаат симболи поврзани со „Азов“, меѓу кои и нивниот амблем и црвено-црно знаме што потекнува од украинското национално движење. Некои меѓународни медиуми, вклучително и руската државна мрежа RT, тврдат дека симболите имаат екстремно-десничарски конотации, што украинските извори го отфрлаат, наведувајќи дека тие претставуваат историски и патриотски знаци.
Зеленски, покрај оваа единица, ја посети и Четвртата оперативна бригада „Рубеж“ на Националната гарда, формирана во 2015 година според НАТО-стандарди. Неколку војници беа одликувани за храброст и заслуги на бојното поле.
Москва од почетокот на војната во Украина често тврди дека украинската армија содржи неонацистички елементи, аргумент што украинските власти постојано го отфрлаат како дел од руската пропагандна реторика.

