ТРАГЕДИЈА ВО ТУЗЛА Најмалку десет лица загинале во пожар во дом за стари лица

Околу 20 лица, меѓу кои и штитеници и спасувачи, се примени во болница, а тројца се на интензивна нега.

ТРАГЕДИЈА ВО ТУЗЛА Најмалку десет лица загинале во пожар во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинале, а 20 биле повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла што избувнал синоќа околу 20:45 часот на седмиот кат од зградата. Причината сè уште не е позната.

Околу 20 лица, меѓу кои и штитеници и спасувачи, се примени во болница, а тројца се на интензивна нега. Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон соопшти дека ќе спроведе целосна истрага, а премиерот Нермин Никшиќ го опиша пожарот како „инцидент од огромни размери“.

CATEGORIES
Share This