ВНИМАНИЕ, ВНИМАНИЕ, МВР ЛОВИ 24 ЧАСА НЕОДГОВОРНИ ВОЗАЧИ Сите радари се ставени во функција низ целата држава

Сите расположливи уреди за мерење брзина се ставени во функција. Контролните точки се распределени низ целата држава – од автопатиштата до локалните патишта

ВНИМАНИЕ, ВНИМАНИЕ, МВР ЛОВИ 24 ЧАСА НЕОДГОВОРНИ ВОЗАЧИ Сите радари се ставени во функција низ целата држава

Од МВР информираат дека од ноќеска на полноќ 24 часа ќе ловатнеодговорни возачи  со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување на несреќи со фатални последици. Акцијата е дел од европската иницијатива на РОАДПОЛ која денес паралелно се спроведуваат во сите земји-членки на европската мрежа на сообраќајни полиции.

„Сите расположливи уреди за мерење брзина се ставени во функција. Контролните точки се распределени низ целата држава – од автопатиштата до локалните патишта. Акцијата ќе трае од 00:00 до 24:00 часот, без прекин,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.

При редовните полициски контроли најчесто се забележуваат прекршоци како што се  непрописното паркирање и непочитувањето на брзината, непоседување на возачка дозвола, некористење на сигурносен појас,  користење на мобилен телефон при возење, прекршоци направени од пешаци како и минување на црвено светло, управувале возила под дејство на алкохол, нерегистрирани и технички неисправни возила.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат максимално внимателни и совесни. Почитувањето на правилата може да спаси животи. Да не дозволиме непочитување на ограничувањето на брзината да стане причина за трагедија. Да бидеме одговорни – за себе, за семејствата, за другите учесници во сообраќајот“, порачуваат од Министерството.

Контролите се спроведуваат во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила а МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

CATEGORIES
Share This