ИЗЛОЖБА ВО КАВАДАРЦИ ПОСВЕТЕНА НА „МАЊИФИКО“ Легендарниот ансамбл кој остави силен белег на музичката сцена

Изложбата претставува траен спомен на 31-годишното творештво на ансамблот, со над 240 експонати – фотографии, постери, документи, аудио-визуелни материјали и монографијата „Ансамблот Мањифико, мит-легенда или реалност“ на Пантелеј-Панче Кочовски

ИЗЛОЖБА ВО КАВАДАРЦИ ПОСВЕТЕНА НА „МАЊИФИКО“ Легендарниот ансамбл кој остави силен белег на музичката сцена

Во Музеј-галеријата во Кавадарци е отворена ретроспективна изложба посветена на легендарниот ансамбл „Мањифико“, кој остави силен белег на македонската и меѓународната музичка сцена.

Како што објасни вишиот кустос Томе Крстевски, изложбата претставува траен спомен на 31-годишното творештво на ансамблот, со над 240 експонати – фотографии, постери, документи, аудио-визуелни материјали и монографијата „Ансамблот Мањифико, мит-легенда или реалност“ на Пантелеј-Панче Кочовски.

Посетителите можат да видат повеќе од 200 уметнички фотографии, 32 постери, оригинални плакати, носачи на звук и признанија. Изложбата е посветена и на починатите членови на групата, предводени од вокалната ѕвезда Невенка Кочовска.

„Мањифико“, формиран во 1959 година, настапувал во 42 земји и одржал над 4.300 концерти пред повеќе од 8,7 милиони посетители. Ансамблот снимал и за радио, телевизија и филм, настапувал пред Тито и други светски државници, и добил бројни признанија, меѓу кои и наградата за животно дело „Златна бубамара на популарноста“.

Изложбата ја отвори актерот Предраг Павловски.

CATEGORIES
Share This