БЕЗ СТРУЈА НЕКОЛКУ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ЕВН ќе работи на електроенергетската мрежа

БЕЗ СТРУЈА НЕКОЛКУ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ЕВН ќе работи на електроенергетската мрежа

Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека, според информациите добиени од ЕВН Македонија, денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку скопски општини.

Во општина Кисела Вода, во периодот од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на булевар „Борис Трајковски“ број 1, поточно влез 2 од зградата позната како „Пегла“.

Во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 10:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците на Новоселски пат, како и објектите на Стокомак, КАМ маркет, бензинската пумпа ОКТА и околните деловни простори.

Во општина Карпош, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат корисниците на улицата Леринска, во околината на број 3.

ЕВН Македонија најави дека прекините се поради изведување технички работи на електроенергетската мрежа.

CATEGORIES
Share This