ПОСЛЕДЕН ДЕН ОД КАМПАЊАТА ЗА ЛОКАНИТЕ ИЗБОРИ На полноќ започнува изборниот молк

Граѓаните ќе гласаат за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Во сабота ќе гласаат болните, изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор.

ПОСЛЕДЕН ДЕН ОД КАМПАЊАТА ЗА ЛОКАНИТЕ ИЗБОРИ На полноќ започнува изборниот молк

Денеска завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025, што ќе се одржат во недела, на 2 ноември. На полноќ почнува изборниот молк кој ќе трае до недела во 19 часот.

Граѓаните ќе гласаат за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Во сабота ќе гласаат болните, изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор.

Во Скопје за градоначалник се натпреваруваат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица. Завршните митинзи ги одржаа коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Движењето ЗНАМ, додека Левица најави завршна прес-конференција.

Втор круг ќе има и во општините Карпош, Аеродром, Центар, Шуто Оризари, Куманово, Тетово, Кичево, Струга и уште 24 општини низ државата. Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово – изборите ќе се повторуваат поради недоволен одзив.

Во првиот круг беа избрани советници во сите 79 општини и градоначалници во 44 општини.

CATEGORIES
TAGS
Share This