МАКЕДОНИЈА И СЕ Е МОЖНО Го промениле законот и лица кои завршиле факултети со шестки повторно полагале за оценка 10 и станале екпсерти, професори, судии, обвинители…

Во 2013 година македонските пратеници како народни избраници донеле измени и дополнувања на Законот за високо образование со кои им овозможиле на завршени студенти без оглед на нивната возраст да можат да преполагаат испити кои за време на студурањето веќе ги им биле положени. Законот е објавен во Службен весним на Република Макеоднија број 24/2013.
Целта на законските измени била да се добијат повисоки оценки и зголемување на просекот при студирањето. Ова од причина што услов за вработуање во некои институции е кандидатите да имаат просек над 8 во студирањето како на пример вработувањето како професор на факултет, судија, обвиител, раководни места во администрација….
Повторното полагање им овозможи на многу лица кои веќе ги завршиле факултетските студии да можат од низок просек во студирањето да ги набилдат своите студиски резултати и да се стекнат со висок просек од студиите.
На тој начин студенти кои при студирањето имале послаб резултат, преку повторно полагање оствариле подобар резултат (просек над 8) со што им се отворил патот да станат експерти, професори, судии, обвинители…


