УКРАДЕНИ МИЛИОНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИЦИТЕ НА GMAIL Како да проверите дали сте меѓу нив?
Експертите предупредуваат дека хакерите можат да пристапат и до други поврзани сервиси – од социјални мрежи до банкарски апликации.

Големо истекување на податоци ги загрижи корисниците на Gmail, откако беа откриени 183 милиони компромитирани сметки со лозинки. Експертите предупредуваат дека хакерите можат да пристапат и до други поврзани сервиси – од социјални мрежи до банкарски апликации.
Инцидентот потекнува од април, но неодамна беше потврден од платформата „Have I Been Pwned“, која евидентира повеќе од 15 милијарди засегнати сметки од 917 сајтови.
Корисниците се советуваат да ја проверат својата адреса на haveibeenpwned.com, да ја сменат лозинката и да активираат двофакторска автентикација (2FA). Таа обезбедува дополнителна заштита – дури и ако лозинката е украдена, без вториот код хакерите не можат да пристапат до сметката.
CATEGORIES Магазин


