НАТО МИНИСТЕР ГО ПРЕДУПРЕДИ ПУТИН Ќе ја срамниме со земја Москва

Тој исто така ја отфрли идејата за заедничка европска армија, оценувајќи дека земјите на континентот сè уште не се способни за вистинска воена интеграција.

НАТО МИНИСТЕР ГО ПРЕДУПРЕДИ ПУТИН Ќе ја срамниме со земја Москва
Фото: Принтскрин

Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, изјави дека НАТО ќе ја „срамни Москва со земја“ доколку Русија се осмели да изврши напад врз Брисел.

Во интервју за белгискиот весник „Де Морген“, кое го пренесува и „Брисел Тајмс“, Франкен зборуваше за војната во Украина, европската одбрана и нуклеарното одвраќање.

На директно прашање дали се плаши од можен руски ракетен напад врз Брисел, министерот решително одговори:

„Не, затоа што тоа би значело удар во срцето на НАТО – а тогаш ние би ја срамниле Москва со земја.“

Франкен ја нагласи својата доверба во Член 5 од Повелбата на НАТО, кој гарантира заемна одбрана на сојузниците, и ја изрази силната поддршка за американското лидерство во Алијансата.

Запрашан дали американскиот претседател Доналд Трамп би ја испочитувал таа обврска, одговори:

„Секако дека би. Во Европа има многу предрасуди кон американската влада. Зошто да не го почитува Член 5?“

Белгискиот министер предупреди дека вистинската закана не е класичен воен напад, туку хибридното војување на Русија.

„Повеќе се плашам од сценарио во сива зона – ‘мали зелени луѓе’ кои ќе поттикнат немири меѓу руското малцинство во Естонија и ќе доведат до анексија на дел од територијата,“ објасни Франкен.

Тој исто така ја отфрли идејата за заедничка европска армија, оценувајќи дека земјите на континентот сè уште не се способни за вистинска воена интеграција.

„Секој што верува во европска армија продава магла. За среќа, го имаме НАТО, кој ја докажа својата ефикасност со воздушната одбрана во Полска и Естонија,“ додаде министерот.

CATEGORIES
TAGS
Share This