ДИГИТАЛИЦАЗИЈА НА АРХИВАТА НА ФПИОМ Средба на директорот Мемов со членови на Мисијата на Светска банка

Се очекува дигитализацијата да се реализира до средината на 2026 година, со цел создавање квалитетна база на податоци и поефикасно работење на Фондот.

ДИГИТАЛИЦАЗИЈА НА АРХИВАТА НА ФПИОМ Средба на директорот Мемов со членови на Мисијата на Светска банка
Фото: ФПИОМ

Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување беше една од темите на средбата меѓу директорот Никола Мемов и Мисијата на Светска банка предводена од Зоран Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску, во рамки на СИАП проектот и пензиската политика.

Се очекува дигитализацијата да се реализира до средината на 2026 година, со цел создавање квалитетна база на податоци и поефикасно работење на Фондот. Разговарано беше и за воспоставување на актуарска единица и обуката на вработените за проекции и предвидувања во пензискиот систем.

Наредната средба со претставниците на Светска банка е закажана за наесен.

CATEGORIES
Share This