ИЗРАЕЛ ПОВТОРНО ЈА БОМБАРДИРА ГАЗА Девет загинати во нови воздушни напади
Израелските власти обвинија дека Хамас нападнал израелски војници и најавија одмазднички мерки.

Цивилната одбрана во Појасот Газа соопшти дека израелската армија вечерва извршила најмалку три воздушни напади во кои загинале девет лица, пренесува „Би-Би-Си“.
Портпаролот на Цивилната одбрана, Махмуд Басал, изјави за АФП дека нападите се случиле и покрај прекинот на огнот што е на сила од 10 октомври меѓу Израел и Хамас. Очевидци потврдиле дека се слушнале силни експлозии.
Израелските власти обвинија дека Хамас нападнал израелски војници и најавија одмазднички мерки. Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека „Хамас ќе плати скапо“ за прекршувањето на договорот за враќање на телата на заложниците.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху нареди итни напади врз Газа по обвиненијата дека Хамас го прекршил прекинот на огнот.
CATEGORIES Свет


