ОПАСНОСТ НА СЕКОЈ ЧЕКОР По дождот паѓаат дрва по скопските улици
Иако е воспоставен „зелен катастар“ со податоци за повеќето постоечки дрвја, кој треба да помогне во нивното следење и навремена интервенција - состојбата на терен покажува дека тоа досега не донело видливи резултати.

Утрово, во близина на основното училиште „Киро Глигоров“ во скопски Центар, паднаа две дрва. За среќа, нема повредени лица. Според првичните информации, паѓањето на дрвјата најверојатно е предизвикано од обилните дождови кои го зафатија градот во изминатите 24 часа.
Поради инцидентот, сообраќајот на улицата „Васил Ѓоргов“ е значително отежнат и се одвива со застои. Екипи на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш излегоа на терен и работат на расчистување на местото – дрвјата се сечат на помали делови и се отстрануваат.
Настанот повторно ја отвори темата за состојбата со зеленилото во главниот град. Многу дрвја низ Скопје се стари, заболени или исушени, но сè уште стојат покрај училишта, градинки, јавни институции и покрај патиштата, претставувајќи потенцијална опасност за граѓаните и возилата.
Иако е воспоставен „зелен катастар“ со податоци за повеќето постоечки дрвја, кој треба да помогне во нивното следење и навремена интервенција – состојбата на терен покажува дека тоа досега не донело видливи резултати.


