ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПОРАСНА Санкциите на САД против руските производители ги кренаа цените

Санкциите имаат цел да го намалат приходот на Русија од нафта и гас поради војната во Украина, додека руските власти ги оценија мерките како контрапродуктивни.

ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПОРАСНА Санкциите на САД против руските производители ги кренаа цените

Минатата недела цените на нафтата пораснаа за околу 7% по воведувањето санкции од САД против руските производители Лукоил и Роснефт. На лондонскиот пазар барелот достигна 65,94 долари, а во САД 61,50 долари.

Санкциите имаат цел да го намалат приходот на Русија од нафта и гас поради војната во Украина, додека руските власти ги оценија мерките како контрапродуктивни. Скокот на цените делумно се должи и на можноста Кина и Индија да го намалат увозот од Русија.

Кон крајот на неделата, цените се делумно стабилизираа поради очекувањата за раст на производството побрзо од побарувачката.

CATEGORIES
Share This