ПОЕЗИЈА НАПИШАНА ПРЕД ЕДЕН ВЕК Во МАНУ промовирано тритомното издание „Кочо Рацин“
Поезијата на Рацин напишана пред речиси еден век и денес се чита како да е жив отслик на стварноста и затоа Рацин треба да биде сочуван во колективната меморија на Македонците, но и пошироко на јужнословенските и европските слободољубиви и правдољубиви народи

Едицијата се состои од три тома подготвени минатата година, во рамки на научно-истражувачки проект на МАНУ: Поезија (прв том приреден од проф. д-р Венко Андоновски); Проза и публицистика (втор том приреден од проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова); и Животопис на Рацин (трет том чиј приредувач е проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска).
Поезијата на Рацин напишана пред речиси еден век и денес се чита како да е жив отслик на стварноста и затоа Рацин треба да биде сочуван во колективната меморија на Македонците, но и пошироко на јужнословенските и европските слободољубиви и правдољубиви народи.

CATEGORIES Култура


