САД НЕМААТ КОНТРОЛА ВРЗ ИЗРАЕЛ Нетанјаху ја брани сувереноста

Критиките за ограничената слобода на Израел да дејствува во Газа се појавија по смртоносниот напад на Хамас врз израелски војници во Рафа минатата недела

САД НЕМААТ КОНТРОЛА ВРЗ ИЗРАЕЛ Нетанјаху ја брани сувереноста
Фото: Принтскрин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес истакна дека Израел е суверена држава која самостојно носи одлуки за националната безбедност, негирајќи ги извештаите на дел од израелските медиуми дека Вашингтон ја диктира политиката кон Појасот Газа.

На почетокот на состанокот на кабинетот во недела, Нетанјаху ги оцени како „апсурдни“ тврдењата за односот меѓу Израел и САД, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Кога бев во Вашингтон, велеле дека јас ја контролирам американската влада и ја диктирам нејзината безбедносна политика. Сега, пак, тврдат спротивното – дека американската администрација ме контролира мене. Ниту едно од овие тврдења не е точно“, рече Нетанјаху.

Тој нагласи дека Израел е суверена држава, како и САД, и дека односот меѓу двете земји се темели на партнерство.

Претходно, порталот „Ynet“ објави дека нападот во централна Газа, насочен кон оперативец на Палестинскиот исламски џихад кој планирал непосреден напад врз израелската армија, бил извршен по одобрение од американските претставници.

Критиките за ограничената слобода на Израел да дејствува во Газа се појавија по смртоносниот напад на Хамас врз израелски војници во Рафа минатата недела. Тој напад предизвика израелски воздушни напади врз Хамас, но примирјето брзо беше воспоставено, откако САД наводно вршеле притисок врз Ерусалим да го ограничи својот одговор.

CATEGORIES
Share This