ЗАПОНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 25. ИЗДАНИЕ НА „ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ“ Фестивал што ја слави музиката, традицијата и уметничкиот дух на Скопје

Фестивалот, кој се одржува од 1999 година, е еден од најзначајните музички настани во земјата и оваа година го одбележува своето јубилејно издание како симбол на есенската музичка култура во Скопје

ЗАПОНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 25. ИЗДАНИЕ НА „ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ“ Фестивал што ја слави музиката, традицијата и уметничкиот дух на Скопје

Во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, од денеска до 10 ноември ќе се одржи јубилејното 25. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“. Фестивалот ќе биде отворен со концертот на Националниот џез оркестар „Македонски сновиденија“ под диригентство на Владимир Николов во Филхармонија.

Програмата вклучува настапи на истакнати домашни и меѓународни уметници: гитаристот Георги Шарески (31 октомври), Женскиот хор „Фрида“ (2 ноември), гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска (5 ноември), солистичкиот рецитал на хрватските уметници Берислав Јерковиќ и Ана Дадиќ (6 ноември), како и камерниот концерт „Впечатоци од Шпанија“ на Миреја Пинто и Владислав Броневецки (8 ноември). Завршниот настап ќе го има турскиот ансамбл „Једен“ (10 ноември)

CATEGORIES
Share This