СРЕДБА СЕПАК ЌЕ ИМА? Москва и Вашингтон на чекор до мировен договор за Украина
Русија и САД се „многу блиску до дипломатско решение“ за прекин на војната во Украина, изјави специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев, во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој истакна дека средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп не е откажана, туку можно е да се одржи на нов датум. „Сега сме поблиску до договор од кога било“, рече Дмитриев, коментирајќи ја подготвеноста на Киев да ги прифати постојните бојни линии.
Посетата на Дмитриев доаѓа по новите американски санкции против „Росњефт“ и „Лукоил“. Според Axios, тој ќе се сретне со специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, за разговори околу можен мировен формат.
CATEGORIES Свет


