СВЕТСКИ ДЕН НА АУДИОВИЗУЕЛНОТО НАСЛЕДСТВО Кинотеката со посебна програма по тој повод

До крајот на октомври, во вечерните термини ќе се прикажуваат филмови од македонската кинематографија што годинава одбележуваат јубилеј.

СВЕТСКИ ДЕН НА АУДИОВИЗУЕЛНОТО НАСЛЕДСТВО Кинотеката со посебна програма по тој повод

Како дел од глобалната иницијатива за заштита на филмското културно наследство, Кинотеката ќе се приклучи на одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со низа активности.

На 27 октомври (понеделник) во 12 часот, во кинотечното кино ќе се одржи блу-реј промоција на класичниот македонски филм „Мис Стон“ на Живорад Жика Митровиќ од 1958 година. До крајот на октомври, во вечерните термини ќе се прикажуваат филмови од македонската кинематографија што годинава одбележуваат јубилеј.

Од 27 до 31 октомври, публиката ќе може да ги погледне домашните филмови „Денови на искушение“, „Волчја ноќ“, „Оловна бригада“, „Контакт“, „Ангели на отпад“, „Јад“ и „Време, води“ – дела што ја претставуваат богатата и разновидна историја на македонскиот филм.

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на препораката на УНЕСКО од 1980 година за заштита на подвижните слики. Во 2015 година, организацијата ја надополни со нова препорака за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и во дигитална форма.

CATEGORIES
Share This