ШЕСТМИНА ШТО ГО РАЗБУДИЈА НАРОДОТ Од идеја до држава – славиме 23 Октомври
Во нивните срца се роди идејата дека македонскиот народ мора да ја оствари својата вековна цел - создавање на сопствена држава

Единствена Македонија им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба на македонскиот народ и сите државјани на Република Македонија.
Овој значаен датум длабоко е врежан во колективната меморија на македонскиот народ. На денешен ден, пред 132 години, шестмина храбри Македонци – Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Антон Димитров ја основаа најсилната револуционерна организација во македонската историја.
Во нивните срца се роди идејата дека македонскиот народ мора да ја оствари својата вековна цел – создавање на сопствена држава. Тие знаеја дека патот до слободата ќе биде тежок, но решително ја поставија основата: ја родија идејата, од идејата произлезе организацијата, а од организацијата делото. Тоа дело е денешната самостојна, суверена и слободна Република Македонија.
Нека е честит и вековит празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, симбол на непокорот и стремежот за слобода! – се вели во честитката на Единствена Македонија.

