ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС Променливо облачно време со повремени врнежи и јужен ветер

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕС Променливо облачно време со повремени врнежи и јужен ветер

Денешниот ден ќе помине во знакот на променливо облачно време со сончеви интервали, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во западните делови на земјата се очекува повремен локален дожд, додека во останатите предели ќе преовладува променливо време со умерен јужен ветер.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а дневните максимални ќе достигнат од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од 10 степени во утринските часови до 20 степени во текот на денот.

Од УХМР најавуваат дека во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо време со повремени врнежи од дожд. Според прогнозата, во петок и понеделник се очекуваат поројни врнежи со можност за грмежи, додека во понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни.

Дополнително, метеоролозите предупредуваат на засилен и повремено силен ветер од јужен правец, кој ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

Граѓаните се повикуваат на внимателност при движење и управување со возила, како и на избегнување на паркирање под дрвја и објекти кои може да бидат погодени од силниот ветер.

CATEGORIES
Share This