МОЖЕ ЛИ ВАШИОТ КАНДИДАТ ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК УШТЕ ДЕНЕС – Еве како

Што се однесува до изборот на членовите на општинските совети, тие се избираат во првиот круг преку пропорционален модел, со примена на Д’Хондтовата формула, што значи дека бројот на освоени места на советите се пресметува пропорционално според гласовите добиени од кандидатските листи.

МОЖЕ ЛИ ВАШИОТ КАНДИДАТ ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК УШТЕ ДЕНЕС – Еве како
Фото: Национал

Во Република Македонија денеска се одржуваат осмите локални избори, на кои граѓаните избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Гласањето започна во 7 часот, а избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот. Право на глас имаат 1 832 415 избирачи кои се запишани во избирачкиот список. Ќе се гласа на вкупно 3 474 избирачки места.

Резултатите од првиот круг на локалните избори се очекуваат околу полноќ, кога ќе се знае кои кандидати го освоиле градоначалничкиот мандат уште во првиот круг за што се потребни исполнување на два законски услови ако: добие мнозинство гласови од излезените гласачи, и  гласале најмалку една третина од запишаните избирачи.

Ако ова не се постигне, се одржува втор круг помеѓу двата кандидати со најмногу гласови. Вториот круг е за 14 дена, на 2 ноември а победува кандидатот со повеќе гласови.

Ако и по вториот круг не се избере градоначалник, изборната комисија ја известува Владата во рок од 15 дена.

Што се однесува до изборот на членовите на општинските совети, тие се избираат во првиот круг преку пропорционален модел, со примена на Д’Хондтовата формула, што значи дека бројот на освоени места на советите се пресметува пропорционално според гласовите добиени од кандидатските листи.

CATEGORIES
TAGS
Share This