ТРЕТА МЕМОРИЈАЛНА ИЗЛОЖБА 120 ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО ЗАГОРИЧАНИ Селото е опеано во познатата македонска песна „Народе Македонски“

На 25 март 1905 грчките андарди организирни од костурскиот митрополит Германос Каравангелис извршија колеж на 62 селани (жени, деца, старци) во Загоричани а селото го запалиле поради што селото се спомнува во познатата македонска народна песна „Народе Македонски“.

ТРЕТА МЕМОРИЈАЛНА ИЗЛОЖБА 120 ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО ЗАГОРИЧАНИ Селото е опеано во познатата македонска песна „Народе Македонски“

Вечерва, 26 март 2025 (среда) Во Музејот на Град Скопје се одржан културниот настан –  Трета мемoријална изложба по повод 120 години од трагедијата во селото Загоричани, Костурско, егејскиот дел на Македонија.

На 25 март 1905 грчките андарди организирни од костурскиот митрополит Германос Каравангелис извршија колеж на 62 селани (жени, деца, старци) во Загоричани а селото го запалиле поради што селото се спомнува во познатата македонска народна песна „Народе Македонски“.

Особена беше честа да се застане простум до бистата на големиот Македонец, Димитар Благоев, родум од Загоричани, кој, во 1917 одржал легендарен говор во бугарското собрание за тоа кои се Македонците а кои се Бугарите. Бугарија ги крие стенограмите до денешно време, но, народот изворно го знае и го прераскажува од генерација на генерација говорот на Благоев.

Настанот во живо беше пренесуван од Националната телевизија  ЕМ Телевизија.

CATEGORIES
Share This