ДИК ПОНИШТИ ЛИСТА На кандидатурата на партијата ДНЕТ имало мртов човек

Овој потег на ДИК отвори лавина реакции и сомнежи околу контролата на листите и одговорноста на подносителите.

ДИК ПОНИШТИ ЛИСТА На кандидатурата на партијата ДНЕТ имало мртов човек
Фото:

Бура на локалните избори во Скопје! Државната изборна комисија (ДИК) ја поништи потврдената листа на Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) за Советот на Град Скопје, откако било откриено дека меѓу кандидатите се наоѓа починато лице.

„Гласовите за оваа листа ќе се сметаат за неважечки и нема да се бројат во конечните резултати“, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко, додавајќи дека случајот ќе го преземе Јавното обвинителство.

Скандалот не е прв од ваков тип – како што потсети членот на ДИК, Александар Даштевски, и минатата година имало идентична ситуација со кандидат кој не бил жив.

Овој потег на ДИК отвори лавина реакции и сомнежи околу контролата на листите и одговорноста на подносителите.

CATEGORIES
TAGS
Share This