36-то ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ГОЦЕ ФЕСТ Пејачите запеаја со мерак

На сцената и годинава беа изведени преку дваесеттина нови патриотски песни кои се готови, снимени, а пејачите се подготвени да запеат со мерак.

ЕМ Телевизија како национална телевизија изразува големо задоволство од пренесувањето во живо на годинашното 36 -то издание на реномираниот македонски фестивал на патриотски песни „Гоце-Фест“ што се одржа во Домот на Армијата на Република Македонија.

На сцената и годинава беа изведени преку дваесеттина нови патриотски песни кои се готови, снимени, а пејачите се подготвени да запеат со мерак. Сепак, како што истакна членката на организацискиот комитет Евгенија Николовска која е и претседателка на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија,

„Државата преку министерството за култура треба да гo земе фестивалот под свое, како наш македонски фестивал а не да се одржува со снаоѓање” велат членката на организацискиот комитет Евгенија Николовска која е и претседателка на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и уметничкиот директор Пеце Здравковски.

“Гоце фест” постои од 1990 година, има продуцирано над 700 патриотски и родољубиви песни кои ја опеваат и величаат историјата на славните македонските јунаци и на славните времиња – невремиња. Песните секогаш се објавувани на носачи на звук, за што постои голем интерес кај слушателите. И годинава ќе бидат објавени на нови цедиња и достапни веднаш по фестивалот.

CATEGORIES
Share This