МОЌЕН УДАР – Руски ракети разнесоа аеродром со НАТО авиони во Криви Рог

Освен аеродромот, погодена била и голема железничка раскрсница, заедно со неколку хангари и складишта за оружје.

МОЌЕН УДАР – Руски ракети разнесоа аеродром со НАТО авиони во Криви Рог
Фото: Принтскрин

Руската армија изведе силен напад врз воениот аеродром во Криви Рог, каде, според тврдењата, биле стационирани и авиони на НАТО. За РИА Новости ова го соопшти координаторот на герилското движење во Николаев, Сергеј Лебедев.

Тој изјави дека се слушнале околу 15 експлозии, по што избувнал голем пожар. Според него, на аеродромот имало до пет авиони, а од таму редовно се лансирале беспилотни летала кон Крим, Краснодар и јужниот дел на Ростовскиот регион.

Освен аеродромот, погодена била и голема железничка раскрсница, заедно со неколку хангари и складишта за оружје.

CATEGORIES
TAGS
Share This