НАБАВЕНИ РЕКОРДНИ 80.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП – Започна имунизацијата

Досега преку апликацијата vakcinacija.mk се пријавиле над 43.000 граѓани, а пријавувањето и понатаму е отворено и преку апликацијата и преку матичните лекари.

НАБАВЕНИ РЕКОРДНИ 80.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП – Започна имунизацијата
Фото: Национл

Министерството за здравство соопшти дека денеска официјално започна вакцинацијата против сезонски грип. Вакцинирањето се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје.

Досега преку апликацијата vakcinacija.mk се пријавиле над 43.000 граѓани, а пријавувањето и понатаму е отворено и преку апликацијата и преку матичните лекари.

„Задоволен сум од големиот интерес на граѓаните. Министерството оваа година обезбеди рекордни 80.000 дози четиривалентна вакцина од производителот „Абот“ од Холандија. Вакцинацијата е најдобрата превентивна мерка за заштита на здравјето и очекувам бројот на пријавени да продолжи да расте“, изјави министерот Фатмир Алиу.

Бесплатната вакцина е наменета за ризичните категории: лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремени жени, деца од 6 месеци до 5 години, како и корисници и вработени во домовите за стари лица.

CATEGORIES
TAGS
Share This