ЕВРОПСКИОТ КОНСЕНЗУС НА УДАР ПОРАДИ МАКЕДОНИЈА Словачка и Бугарија во дипломатски конфликт

Европската комисија, исто така, е категорична дека нема да ги менува условите за членство, што го потврди и претседателката Урсула фон дер Лајен за време на посетата на Скопје.

ЕВРОПСКИОТ КОНСЕНЗУС НА УДАР ПОРАДИ МАКЕДОНИЈА Словачка и Бугарија во дипломатски конфликт
Фото: Претседател на РМ

аБугарското Министерство за надворешни работи го повика словачкиот амбасадор Васил Гривна за да го изрази своето „разочарување и збунетост“ поради ставот на словачкиот претседател Петер Пелегрини, кој ја поддржа, според нив, „контрапродуктивната реторика на Владата на Северна Македонија“.

Генералниот директор за европски прашања, Јордан Прванов, оцени дека „ставовите на Пелегрини практично ја оспоруваат валидноста на европскиот консензус од јули 2022 година, усвоен од сите земји-членки на ЕУ, вклучително и Словачка“.

Консензусот беше утврден во преговарачката рамка за Северна Македонија, според која клучен услов за почеток на преговори за членство во ЕУ е вклучувањето на Бугарите во уставот на земјата.

Прванов додаде дека „длабоко сме разочарани што земја-партнер ја промовира контрапродуктивната реторика на Северна Македонија, која постојано бара други да ја обвинуваат за недостатокот на напредок во европската интеграција. Таквата позиција не е во интерес ниту на стратешката визија на ЕУ за регионот, ниту на граѓаните на Северна Македонија“.

Пелегрини, пак, претходно оваа недела изјави дека ЕУ „презема ризици и прави голема грешка“ во процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој нагласи дека Словачка ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија, но предупреди дека процесот не треба да се злоупотребува:

„Загрижен сум дека пристапувањето нема да се базира на техничка подготвеност, туку на геополитички игри, и дека некои земји во ЕУ ќе настојуваат да го спречат проширувањето“, рече тој.

Министерството за надворешни работи на Бугарија потсети дека напредокот кон ЕУ зависи исклучиво од исполнувањето на утврдените критериуми и постигнатите договори.

Европската комисија, исто така, е категорична дека нема да ги менува условите за членство, што го потврди и претседателката Урсула фон дер Лајен за време на посетата на Скопје.

CATEGORIES
TAGS
Share This