СРАМ ЗА НОВИНАРСТВОТО Мирчевски забрани гостување на Бачев на Канал 5

Бачев потсетува дека под диктат на „ѕверот“ е замолчен, вистината е забранета, а одлуката на Канал 5 е срамна дамка за македонското новинарство и директен удар врз демократијата.

СРАМ ЗА НОВИНАРСТВОТО Мирчевски забрани гостување на Бачев на Канал 5
Фото: Национал

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, само два дена пред изборите остро реагираше на својот официјален Фејсбук профил поради, како што вели, скандалозната и срамна цензура од страна на директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, кој лично ја забранил неговата појава на оваа телевизија.

„Почитувани гласачи, под целосна медиумска блокада и тргнати од државното финансирање на изборите, во недела излегуваме храбро на изборниот мегдан за чест, правда и народна власт во општините. Патот води кон број 12. Силата е во луѓето! Напред, без страв!“, истакна Бачев.

Според Уставот на Република Македонија, цензурата е забранета. Бачев потсетува дека под диктат на „ѕверот“ е замолчен, вистината е забранета, а одлуката на Канал 5 е срамна дамка за македонското новинарство и директен удар врз демократијата. Тој додава дека „Мирчевски ќе остане запаметен како директор кој по налог ја забрани вистината и се стави во служба на цензурата“.

CATEGORIES
TAGS
Share This