БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС Нова етапа за интеграција на Западен Балкан со ЕУ

Состанокот претставува можност за размена на искуства, зајакнување на партнерствата и координација со меѓународни финансиски институции и партнери кои можат да обезбедат поддршка за проекти со конкретни резултати.

БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС Нова етапа за интеграција на Западен Балкан со ЕУ
Фото: Национал

Берлинскиот процес претставува значајна платформа за соработка меѓу земјите од Западен Балкан и европските партнери, насочена кон унапредување на регионалната интеграција, економскиот раст, подобрувањето на инфраструктурната поврзаност и приближувањето кон европските стандарди, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Еден од главните акценти на состанокот е спроведувањето и надградбата на Акцискиот план за Заеднички Регионален Пазар (2025–2028), кој треба да обезбеди слободен проток на стоки, услуги, капитал и работна сила, како и зголемена конкурентност и побрза економска конвергенција со ЕУ.

Во фокусот се и поттикнување на инвестиции, особено во зелени и дигитални сектори, јакнење на транспортната, енергетската и дигиталната инфраструктура и поддршка на реформските процеси и усогласување со европските регулативи за поодржлив пат кон евроинтеграцијата.

Министерката Божиновска нагласи дека Македонија останува целосно посветена на активен ангажман во рамките на Берлинскиот процес и Заедничкиот Регионален Пазар, со цел националните приоритети да бидат вклучени, реформите успешно да се спроведуваат и придобивките од регионалната интеграција да ги почувствуваат сите граѓани.

Состанокот претставува можност за размена на искуства, зајакнување на партнерствата и координација со меѓународни финансиски институции и партнери кои можат да обезбедат поддршка за проекти со конкретни резултати.

CATEGORIES
TAGS
Share This