ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ – Најдолгото гласачко ливче во историјата на македонските избори – 50 см

На овие избори ќе гласаат 1.832.415 избирачи на 3.480 избирачки места, но ќе бидат отворени само 3.474, бидејќи на шест нема запишано гласачи.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ – Најдолгото гласачко ливче во историјата на македонските избори – 50 см
Фото: Национал

На 19 октомври ќе се одржат Локалните избори, а најдолгото гласачко ливче ќе има должина од половина метар. Поради големиот број кандидати за градоначалници и советници, како и надвор од стандардната должина на ливчињата, процесот на печатење беше еден од најсложените досега.

Покрај партиските кандидати, на овие избори учествуваат и 69 кандидати за градоначалници и 68 листи за советници од независни иницијативи.

Утрово започна дистрибуцијата на изборниот материјал од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до сите Општински изборни комисии во државата, со полициско обезбедување.

Материјалот се транспортира со камиони и вклучува: 4.613.438 гласачки ливчиња, за градоначалници и советници, 254.262 страници на избирачките списоци и посебни изводи, 8.692 записници за утврдување на изборните резултати,  и 8.330 примероци на Брајово писмо.

На овие избори ќе гласаат 1.832.415 избирачи на 3.480 избирачки места, но ќе бидат отворени само 3.474, бидејќи на шест нема запишано гласачи.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, истакна дека за подготовката на овој вид доверлив материјал се предвидени 48 милиони денари (околу 780.000 евра), а конечната сума ќе зависи од бројот на избирачки места во вториот круг на изборите.

CATEGORIES
TAGS
Share This