ОД ПОЛНОЌ ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА – Еуросупер 95 ќе чини 73 денари за литар
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва на полноќ цените на горивата се намалуваат.

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва на полноќ цените на горивата се намалуваат. ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 1 денар и ќе се продава по 73 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР 98+ ќе чини 75 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ и екстралесното масло поевтинуваат за 0,5 денари и ќе се продаваат по 68, односно 67,5 денари за литар.
Цената на мазутот останува непроменета – 36,7 денари за килограм.
CATEGORIES Бизнис
