ДЕБАТАТА ВО СТРУМИЦА ПРЕРАСНА ВО ЕДНОНАСОЧНА ЛЕКЦИЈА – Цасконоје како професор ги поучуваше противниците
Општ е впечатокот дека на телевизискиот дуел доминираше кандидатот на Единствена Македонија, Ристо Цасконоје, кој се наметна со знаењето и аргументите во однос на своите противкандидати.
Кандидатите за градоначалник на Струмица синоќа одговараа на прашањата што најмногу ги засегаат граѓаните – сообраќај, инфраструктура, загадување, иднината на градот… во дебатата во организација на ТВ ТЕЛМА и Националниот демократски институт (NDI).
Со Младен Чадиковски одговараа и дебатираа кандидатите за градоначалник на овој град на локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври
– Марјан Даскаловски, Коалиција предводена од СДСМ
– Петар Јанков, Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ
– Драган Котуровиќ, група Избирачи
– Ристо Цасконоје, Единствена Македонија.
Општ е впечатокот дека на телевизискиот дуел доминираше кандидатот на Единствена Македонија, Ристо Цасконоје, кој се наметна со знаењето и аргументите во однос на своите противкандидати. Дебатата во поголем дел прерасна во еднонасочна лекција – Цасконоје ги поучуваше противниците. Дури, не е претерано да се каже дека Цасконоје ги патосира противкандидатите, ги надвладеа и ги остави без аргументи противкандидатите за градоначалник на Струмица.