ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН ОГРАБЕН ВО СКОПЈЕ Чанта со документи одземена на автобуската станица

На 7 октомври 2025 година, во 11:07 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје, Т.Б. (18) од Турција, кој моментално престојува во Штип, пријавил инцидент.
Според неговото сведочење, по 10:00 часот, додека се наоѓал во чекалната на Автобуската станица во Скопје, му била одземена чанта која содржела лични документи и банкарски картички. Полицијата презема мерки за расветлување на овој случај и идентификација на сторителот.
CATEGORIES Македонија


