ТОШКОВСКИ ИМ ОДГОВОРИ НА СДСМ – „Нема да поднесам оставка – додека вие правите спинови, јас ќе решавам проблеми“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, им одговори на барањата за негова оставка од СДСМ, истакнувајќи дека нема намера да се повлече од функцијата.
„Нема да си поднесам оставка. Напротив – додека вие се занимавате со спинови и конструкции, јас ќе продолжам со решавање на проблемите и расчистување со нередот кој го оставивте. За вас политиката е шоу, за нас е одговорност. Тоа е разликата помеѓу власт што руши и генерација што гради“, порача Тошковски.
Тој додаде дека вистинската оценка за неговата работа ќе се покаже на претстојните локални избори, за околу десетина дена.
„Ќе го видите резултатот од вашето најгласно ‘оставка’. Тоа ќе биде моментот кога зборовите ќе се судрат со делата и граѓаните ќе кажат кој работел, а кој ширел паника и хистерија“, наведе министерот во својата реакција.


