ЕЛЕНИТЕ ПОД ВОДА – Четврта жртва, војската на терен

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, соопшти дека по телефонскиот разговор со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, добил понуда за помош.

ЕЛЕНИТЕ ПОД ВОДА – Четврта жртва, војската на терен
Фото: Принтскрин

Четвртата жртва од разорните поплави во туристичкото одморалиште Елените, Бугарија, е пронајдена синоќа, соопшти директорот на Регионалната дирекција на МВР-Бургас, виш комесар Владимир Маринов.

„Руски државјанин, кој денес пристигнал од Русија откако не можел да стапи во контакт со сопругата, го извести МВР за ситуацијата. Семејството поседува вила во Елените, на место каде водата беше највисока“ – изјави Маринов за агенцијата БТА.

Мажот го придружувал тимот за спасување до локацијата на неговата куќа, каде што телото на 58-годишната жена било пронајдено закопано во калта и урнатините од силниот поплавен бран.

„Следи судско-медицински преглед и други истражни дејствија за утврдување на причината за смртта“ – додаде Маринов.

Претходно денес, БТА извести дека состојбата во Елените и околната област на Бургас постепено се стабилизира по разорниот поплавен бран. Воена и помошна техника од Флотилата на борбени и помошни бродови, Морнаричката база Бургас и Транспортниот баталјон при Командата за логистика се на терен за чистење на јавната инфраструктура и за обезбедување пристап до јавните згради.

Претходната ноќ, екипи од Службата за противпожарна безбедност и заштита на населението, заедно со полицијата и жандармеријата, беа распоредени низ областа за да го обезбедат безбедноста на жителите и туристите кои беа евакуирани.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, соопшти дека по телефонскиот разговор со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, добил понуда за помош.

„Изразувам благодарност за конструктивниот разговор, сочувството за жртвите и подготвеноста на РСМ да помогне во справувањето со последиците“ –  напиша Радев на платформата Икс.

https://x.com/i/status/1974113966969532497

CATEGORIES
TAGS
Share This