ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО НОВАЦИ Денешниот сојуз на Единствена Македонија и Васко Наумовски го менува текот на изборите во Новаци

Васко Наумовски не е ново име во политиката - тој беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија во Собранието во периодот 2012–2016.

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО НОВАЦИ Денешниот сојуз на Единствена Македонија и Васко Наумовски го менува текот на изборите во Новаци
Фото: Национал

Денеска во екот на изборната кампања во Новаци се случи политичко изненадување што никој не го очекуваше – Единствена Македонија и независниот кандидат за градоначалник, поранешниот пратеник Васко Наумовски објавија дека ги здружуваат силите на локалните избори во Новаци.

Со оваа политичка соработка, изборната трка во општината добива сосема нов тек. На денешната средба генералниот секретар на Единствена Македонија, Милан Јовчески, носителот на советничката листа на Единствена Македонија, Слободан Митровски и независниот градоначалнички кандидат Васко Наумовски договорија целосна меѓусебна поддршка.

„Ќе им зададеме удар на старите партии кои ја уништуваа општината. Нашите гласачи застануваат зад Наумовски како симбол на промените,“ порача Митровски.

Наумовски возврати со остар тон:

„Моите поддржувачи ќе гласаат за листата на Единствена Македонија. Новаци повеќе нема да биде плен на истрошени политичари. Време е за пресврт и голема победа!“

Васко Наумовски не е ново име во политиката – тој беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија во Собранието во периодот 2012–2016.

Соработката договорена денеска може сериозно да ги промеша картите во изборната битка во Новаци и досега е најсилниот предизвик за политичките ривали во Новаци.

На изборното ливче – број 12 ќе го носи Единствена Македонија, а број 29 независниот кандидат Наумовски.

CATEGORIES
TAGS
Share This