АМОРИМ СЕ ОГЛАСИ Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, ја оцени утрешната средба со Сандерланд како сериозен предизвик, истакнувајќи дека противникот има јасен идентитет и одлична форма од почетокот на сезоната. „Сандерланд е тим кој игра многу добро во формацијата 4-3-3 и постојано прави ротации. Тие се свесни за нашиот притисок и ќе биде тешко да се справиме со нив“, изјави Аморим.
„Црвените ѓаволи“ не ја започнаа сезоната како што се надеваа, со три загуби во првите шест натпревари во Премиер лигата. Португалецот е свесен за критиките и притисокот кој го чувствува, но верува дека проблемот не е во системот, туку во начинот на кој тимот функционира. „Нормално е да бидеме критикувани. Минатата сезона не значи ништо, но досега имавме шест натпревари и загубивме три. Начинот на кој создаваме шанси и примаме голови не е поврзан со системот“, додаде тој.
Аморим нагласи дека натпреварите оваа година се различни од минатата и дека не може да се суди за ефикасноста на системот само врз основа на претходните перформанси. „Не можеш да кажеш дека нешто не функционира, ако работело минатата недела. Треба да работиме на ист начин секој ден“, заклучи менаџерот.


