ВЕСТ ХЕМ ЕКСПРЕСНО НАЗНАЧИ НОВ ТРЕНЕР Нунo Еспирито Санто презема кормилото

Вест Хем објави дека Грејам Потер повеќе не е тренер на клубот, што отвори простор за нови шпекулации во англиските медиуми. Главен кандидат за неговото место се сметаше Славен Билиќ, поранешниот селектор на Хрватска, кој би можел да биде привремено решение до крајот на сезоната. Неговата енергија и искуство би можеле да помогнат на Вест Хем да се извлече од опасната зона.
Меѓутоа, познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Нунo Еспирито Санто ќе биде новиот тренер на „Чеканите“. Португалскиот стратег, кој последно работеше во Нотингем Форест, успеа да го одведе тимот во Лига Европа, што беше значаен успех во минатата сезона. Иако неговата работа во Форест беше успешна, поради несогласувања со сопственикот, тој беше заменет.
Сега, Нунo Еспирито Санто ќе има задача да го врати Вест Хем на вистинскиот пат и да им помогне да избегнат испаѓање. Клубот од Лондон се надева дека новиот тренер ќе ги повтори успесите од неговата претходна кариера и ќе ги врати на европската сцена по двегодишна пауза.


