ШЕЌЕРИНСКА ЈА ОПРАИ МАКЕДОНИЈА, СЕГА НА РЕД ЈА ИМА БОСНА – НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ вели Шеќеринска
Изјавата следи по најавата на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, дека ќе побара од Русија во Советот за безбедност на ОН да го блокира продолжувањето на мандатот на европската воена мисија ЕУФОР - АЛТЕА.

Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, во Сараево изјави дека Алијансата е решена да не дозволи создавање безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина.
Изјавата следи по најавата на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, дека ќе побара од Русија во Советот за безбедност на ОН да го блокира продолжувањето на мандатот на европската воена мисија ЕУФОР – АЛТЕА.
„НАТО останува цврсто посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. Без разлика на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ОН, Алијансата нема да дозволи дестабилизација или безбедносен вакуум во земјата,“ истакна Шеќеринска.
Мандатот на ЕУФОР се обновува на секои шест месеци во СБ на ОН. Во случај да не биде продолжен, НАТО најави дека постои можност за повторно распоредување на свои сили во БиХ.


